Connect with us

Вести

Македонските фудбалери полетаа од Истанбул, поради дефект на авионот морале да се вратат назад

Македонската фудбалска репрезентација се соочи со неочекувани проблеми при враќањето од Истанбул, каде што синоќа го одигра пријателскиот натпревар против Турција.

Според првичните информации, чартер авионот со кој патуваа фудбалерите и членовите на делегацијата бил принуден да се врати на аеродромот во Истанбул само дваесетина минути по полетувањето. Причината најверојатно е технички проблем на авионот.

Авионот требаше да пристигне во Скопје во 13:30 часот, но засега нема официјални детали за настанатата ситуација. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот

Маркетинг
Ad 1
Ad 1