Вести
Д-р Агаи: Нов живот може да почне ако ѝ дадеме шанса на трансплантацијата на органи
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија во видео-обраќање изразува поддршка за оваа племенита акција.
– Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многу пати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува животот, може да отпочне еден нов живот доколку дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи, додава Агаи.
Тој апелира дека овој хуман чин на трансплантација на органи може да спаси нов живот доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце да му помогнеме на некого.
јуни 2, 2026
