Connect with us

Скопје

Пожарникар ја запроси својата девојка на Денот на пожарникарите во Скопје

По повод Денот на пожарникарството, беше упатена честитка и изразена длабока благодарност до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и несебична служба кон граѓаните.

Во обраќањето беше истакнато дека пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти.

Беше нагласено дека пожарникарството не е само професија, туку повик што бара исклучителна дисциплина, човечност и посветеност.

„Хероизмот заслужува почит, но и поддршка. Храброста заслужува благодарност, но и современа опрема, подобри услови и силен систем што ќе стои зад пожарникарите“, беше посочено во обраќањето.

Воедно, беше одбележан и значајниот јубилеј – 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија, како доказ за долгата традиција на организирана заштита, пожртвуваност и служба кон народот.

Беше истакнато дека модернизацијата на Противпожарната бригада на Град Скопје останува силен приоритет, при што веќе е завршен спортскиот комплекс во рамки на бригадата, со цел подобрување на физичката подготвеност и условите за работа на пожарникарите.

Во наредниот период, најавени се активности за дополнително унапредување на опремата, условите за работа и оперативната подготвеност на противпожарните служби.

На крајот од обраќањето, беше упатена искрена честитка до сите пожарникари со желби за добро здравје, мирни смени и безбедно враќање кај своите семејства по секоја интервенција.

„Граѓаните знаат дека кога ќе ги видат пожарникарите, помошта пристигнала. Тоа е доверба што се гради со години, со храброст, пожртвуваност и чесна служба“, беше порачано по повод Денот на пожарникарството.

Највпечатлив момент пак, беше запросувањето кое се случи на одбележувањето на Денот на пожарникарите.

Имено, младиот пожарникар Васе Вацов ја запроси својата девојка Ана, а во изненадувањето му помогнаа колегите.

Со прстен во рака и клекнат на колена, Васе го постави прашањето, а Ана прифати да се омажи за него.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1