Connect with us

Хроника

СВР Битола го утврди идентиетот на убиената жена, сопругот осомничен за убиството

Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство.

– Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица – потврдија од СВР Битола.

Истражната постапка е во тек, а по целосно документирање на несреќниот случај, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1