Хроника
Приведени крадците што украле велосипед пред теретана во Скопје
Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода две лица поради сомнение за кражба на велосипед пред теретана во Скопје.
– На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од село Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
мај 14, 2026
