Општини
Нова сообраќајна студија за безбеден сообраќај во Општина Битола
Новата сообраќајна студија за Општина Битола е во завршна фаза и е во рамки на Генералниот урбанистички план којшто го изработуваме од 2022 година, изјави градоначалникот Тони Коњановски на средба со битолските новинари.
Според градоначалникот Коњановски, со новата сообраќајна студија ќе се решат повеќе актуелни сообраќајни проблеми на подрачјето на Општина Битола.
-Очекуваме новата сообраќајна студија да реши или да ни даде одговори за проблеми со кои се соочуваме. Елаборатот е во завршна фаза и ќе биде јавно презентиран со што граѓаните ќе бидат информирани за новите сообраќајни решенија, нови кружни текови во градот, изградба на нови сообраќајници, односно нова визија за градот во наредните десет години. Новата сообраќајна студија посебен акцент дава на булеварските влезови во Битола од страната на Прилеп и Охрид, посочи градоначалникот Коњановски.
На редовниот месечен брифинг со новинарите во Битола, градоначалникот Коњановски информираше за изградбата и динамиката за завршување на капиталните објекти како што се две детски градинки и спортско-рекреативен базен во овој град.
мај 13, 2026
