Општини
Велосипедска планинска тура „Манданата“ 2026 ќе се вози на 17 мај
лубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ од Кочани, на 17 мај, недела, ќе ја реализира традиционаланта велосипедска планинска тура „Манданата“ 2026.
Се стартува од манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец, во атарот на селото Речани на Осоговските Планини, па се вози кон Крушка и Бела Река. Потоа следуваат манастирот во с. Небојани, Стришко, Мишино, Бела Река, Качаник и Крушка. Висинска разлика и денивелација од 890 м.н.в. што завршува повторно кај Бочвенец. Патеката е кружна во должина од 25 километри со времетрање од 3 до 5 часа во зависност од кондиционата подготвеност на учесниците.
Велосипедската тура „Манданата“ ќе се реализира в недела, на 17 мај од 9 чaсот од дворот на манастирот „Св. Илија“ во Бочвенец. Претходно, планиран е краток брифинг околу турата за безбедност и рута. Храна и пијалоци ќе треба да носат самите учесници. На пунктовите на патеката ќе има вода за полнење, соопштија од КПС „Осоговски Орел“.
Годинава за прв пат учесниците на турата ќе имаат можност да кампуваат ноќта на 16 наспроти 17 мај во дворот на манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец.
Организаторите на настанот информираат дека годинава нема пријавување и котизација, сите заинтересирани ќе можат да дојдат на стартната позиција на 17 мај, од 08 до 08:30 ч.
Според организаторите, патеката е средно тешка во зависност од временските услови. Потребна е одлична физичка кондиција. За време на настанот ќе има мобилни екипи кои ќе бидат техничка и медицинска помош. Предвидени се два освежителни пункта, во дворот на манастирот во с. Небојани и еден пункт на место со спомен плоча на Манданата
мај 10, 2026

