Connect with us

Општини

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари  за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. 

Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун.

Според Трипуновски, се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал.

– Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун. Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на домашното земјоделско производство, напиша во објава на Фејсбук Трипуновски

Маркетинг
Ad 2
Ad 3