Општини
Трипуновски: Идеи и иницијативи од Ресен за развој на земјоделството
Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството.
Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите од земјоделците.
– Граѓаните од Ресен во полна сала со многу прашања, сугестии и идеи на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Се разговараше за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Средбите се потврда дека сме тука и отворени за секој еден предлог, критика и иницијатива што доаѓа од земјоделците, информира Трипуновски.
мај 9, 2026

