Култура
Во Битола се одржа Фестивал на Малата школа за Краток филм
Во Битола заврши Меѓународниот филмски фестивал од Нанси кој традиционално се одржува во соработка со НУ Центар за култура. Фестивалот на Малата школа за краток филм е наменет за школската публика од основните училишта од 5 до 14 години.
Фестивалот се именува исто како оригиналниот во Нанси „FESTIVAL DE LA PETITE ÉCOLE DU FILM COURT“, каде се одржа 21-то издание, во Битола го имаше своето 5-то издание, истакна д-р Бландине Брунхес Гламчевски, директорка на фестивалот од Нанси и генерален делегат на воспитниот столб на здружението АЈ АЈ ВО.
-Во Битола, за средношколците беше прикажана и специјална селекција од наградените и избрани краткометражни филмови од средношколското жири на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, со навистина храбри и актуелни содржини. Нашата работа придонесува за уметничко и културно образование, а нашиот пристап им помага на учениците да стекнат хуманистичка култура и да ги развијат своите вештини за критичко размислување, овозможувајќи им да изградат лично и заедничко културно разбирање преку средби со филмови, посочи Брунхес Гламчевски.
Организаторите во Битола и на проекцијата во Новаци, за триесетина наставници професори од основните училишта од Битола, одржаа обука на тема „Воспитување преку слика“ – филмот како специфична алатка, по што на наставниците им беа доделени сертификати за обуката.
Сите филмови беа преведени и титлувани на македонски јазик од Тони Гламчевски, македонски новинар и преведувач, кој од 2013 година е претседател и главен селектор на меѓународниот филмски фестивал од Нанси.
Престојот во Битола беше искористен да се потпише меморандум – конвенција за соработка меѓу НУ Центарот за култура Битола и Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, во областа на кинематографијата и воспитувањето преку слика
април 29, 2026

