Connect with us

Култура

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“ во Кочани

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани.

Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка Астрид Линдгрен.

Големата сала ЦК „Бели мугри“, синоќа, на премиерната изведба, беше пополнета до последното место.

Играат членовите на драмското студио на кочанската Национална установа, а улугата на Пипи ја одигра Илина Дојчинова.

Претставата ќе има уште три изведби во дневни термини до 30 април. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4