Connect with us

Култура

Сиљановска-Давкова го отвори Саемот на книгата: Оној што чита ја стекнува најретката способност – да го разбере другиот човек, но и себеси

Во книгата почиваат гласовите на вековите, разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал. Ниту еден храм не собрал толку молитви на разумот, ниту еден дворец не сочувал толку богатства колку што тоа го сторила книгата. Книгата за мене е ризница во која не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. Книгата не нè учи само да читаме редови, таа нè учи да ги читаме и разбираме времињата. Книгата не ни дава само знаење, ни дава мерка за мудрост, ни го возвишува карактерот. Оној што чита, постепено ја стекнува најретката способност – да го разбере другиот човек, а и себеси – рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која го прогласи отворено годинашното 38. издание на Саемот на книгата во Скопје.

Како што истакна Сиљановска-Давкова во обраќањето, во ова брзо време во кое живееме книгата не турка кон тишината во која можеме да размислуваме.

– Книгата бара внимание, бара трпение и внатрешно разбирање. Книгата никогаш не се наметнува, туку нè повикува, осветлува и просветлува. Затоа нејзината моќ е длабока и трајна. Народот што чита ја разбира иднината зашто знае дека таа се гради со знаење. Општеството што ги почитува авторите, го почитува достоинството на слободата на мислата – потенцира претседателката.

Според неа, онаму каде што децата растат покрај книги, растат луѓе способни да успеат, да разберат, да создадат и да сочувствуваат.

– Со благодарност им се поклонувам на писателите, на тие грандиозни неимари на човечката свест, на преведувачите што ги релативиизраат далечините меѓу јазиците, на наставниците што го отвораат првиот прозорец кон светот на читањето и на библиотекарите, кои со достоинствена тишина ја чуваат меморијата на цивилизацијата. Денешниот ден нè обврзува да ја сочуваме книгата од заборавот, да го заштитиме авторското право, да им оставиме на младите поколенија не само технологии, туку и вредности, не само информации, туку и смисла, не само средства за живот, туку и причина за живеење, зашто кога ќе замолчат дневните вреви, кога ќе исчезнат минливите сензации и кога ќе се разоткријат сите привиди на времето, повторно останува книгата, мирна, достоинствена и вечна – рече Сиљановска-Давкова.

На отворањето се обрати и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој нагласи дека Саемот на книгата ги слави зборот како темел на културата, мислата како двигател на општеството и книгата како простор во кој секоја идеја пронаоѓа свој живот. 

-Овој саем му е посветен на тивкиот, често невидлив херој без кој ниедна книга нема да заживее, бидејќи книгата не постои додека не биде прочитана. Таа е потенцијал што станува вистина во рац

– Народ што чита, не може лесно да се манипулира. Народ што размислува, не може лесно да се подели, а народ што создава, не може лесно да исчезне. Живееме во време на брзина, на површност, на информации што доаѓаат и исчезнуваат во секунди. Во таквиот свет книгата е чин на отпор. Да седнеш и да читаш, значи да одлучиш да мислиш, да одлучиш дека вниманието е вредност, дека тишината има смисла – порача Љутков.

Официјалното отворање на саемот беше збогатено со настап на хорчето од градинката „Детска радост“. Дечињата им дадоа подароци – книги на претседателката Силјановска-Давкова и на министерот Љутков. 

Се обрати и претседателот на Македонската асоцијација на издавачите, Бојан Саздов, кој се осврна на активностите за популаризацијата на книгите, но и на македонската книжевност надвор од границите.

Околу 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи - богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  

Отворањето на Саемот годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.

Работното време е од 10 до 20 часот, а со секоја купена редовна влезница, ќе бидат донирани средства на СОС „Детското село“. Влезниците се достапни и онлајн на: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2026.nspx.

Саемот на книгата и оваа година е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3