Connect with us

Култура

Македонскиот писател Божин Павловски и ревијата „Стожер“ добитници на признанието „Ацо Шопов“

Македонскиот писател и редовен член на МАНУ, Божин Павловски и ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија се добитници на признанието за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Манифестацијата „Во чест на поетот“ ја организира Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, а е посветена на македонскиот поет Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.

Павловски вели дека ова признание го радува, бидејќи за пријател го имал најдобриот и најголем македонски поет Ацо Шопов. 

-Со Штип ме врзуваат и многу спомени. Мојот школски другар, со кого седев во иста клупа, стана градоначалник на Штип, се викаше Михаил Данев. Во секој случај градот Штип е во еден духовен подем и се грижи за културата, уметноста. Мислам дека градот Штип одлично се развива. Во секој случај ми претставува големо задоволство- рече Павловски.

Тој додаде дека Ацо Шопов и денеска е голем поет, и како што рече, читан, мемориран и кај помладите луѓе. 

-Јас го имав тоа задоволство, како издавач да ги објавам неговите избрани дела во времето кога тој се врати од Африка, каде што беше амбасадор во Сенегал и потоа се дружев до самиот крај на неговиот живот- рече Павловски. 

Порача младите да ја сакаат литературата, да го почитуваат македонското културно минато и да си го сакаат сопствениот народ.

Инаку манифестацијата „Во чест на поетот“ е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3