Connect with us

Регион

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби

Двата најголеми трговски центри во Сараево денеска се привремено затворени поради дојава за поставена бомба, соопшти полицијата.

Трговските центри „Сараево сити центар“ (СЦЦ) и „Алта“ се наоѓаат во близина на парламентот и Советот на министри на Босна и Херцеговина. По дојавата за поставени бомби, објектите се испразнети, а полициски тимови го пребаруваат теренот.

Дојавата за поставени експлозивни направи пристигнале во полиција и до неколку босански медиуми по електронска пошта.

Во пораката е наведено дека се „поставени рачно изработени експлозивни направи“. Анонимните испраќачи тврдат дека во СЦЦ е поставен еден килограм експлозив, а во „Алта“ направа со два килограми експлозив со детонатор со далечинско управување.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4