Connect with us

Култура

Концерти на Симон Трпчески летоска во Охрид и Битола

Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески летоска ќе одржи два концерти и тоа на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а на 14 август во Хераклеа во Битола. 

Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува границите на класичниот настап.

Веднаш потоа, на 14 август, магијата продолжува во Хераклеа во Битола – сцена која со својата акустика и атмосфера создава уникатно музичко искуство под отворено небо. Двете вечери носат различен амбиент, но исто ниво на уметничка вредност и емоција, стои во соопштението во врска со концертите на Трпчески.

Овие два концерти, како што се наведува, претставуваат ретка можност публиката во Македонија да доживее уметник од светски ранг во автентичен, отворен и исклучително инспиративен амбиент.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и во Дајмонд. 

Линк за карти Охрид – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5757

Линк за карти Битола – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5752

Маркетинг
Ad 2
Ad 4