Connect with us

Скопје

Градоначалникот Стојкоски и претставници на Амбасадата на САД разговараа за воспоставување Американско катче во Домот на културата

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се сретна со претставници од Американската амбасада, на која беше иницирано воспоставување ново Американско катче во Домот на културата.

Овој значаен чекор, како што соопштија од општината, има за цел да создаде современ едукативен и културен простор, достапен за младите од општината.

Американското катче ќе овозможи пристап до богата база на едукативни ресурси, програми и настани поврзани со образованието, културата и вредностите на Соединетите Американски Држави. Преку интерактивни активности, работилници и обуки, младите ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења, да развиваат критичко размислување и да се поврзат со глобални трендови. Новиот ресурсен центар е замислен како динамичен хаб кој ќе поттикнува развој на вештини во областа на претприемништвото, дигиталните технологии и иновациите, создавајќи услови за личен и професионален напредок на младите од Ѓорче Петров, информираат од општината.

Од општината наведуваат дека со таа иницијатива уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон младите, образованието и создавањето нови можности за нивен развој.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2