Connect with us

Скопје

Комплетно реконструирана улицата „11“ во населеното место Кадино

Општина Илинден деновиве успешно ја заврши реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Како што информираат од локалната самоуправа, станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај.

-Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и покомфорно движење за пешаците. Со оваа интервенција, улицата добива современ и функционален изглед, усогласен со потребите на модерното урбано живеење, соопшти Општина Илинден.

Во соопштението се нагласува дека градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршните градежни активности и истакна дека со реализацијата на оваа фаза, заедно со претходно реконструираниот дел, вкупната должина на обновената улица изнесува околу 720 метри, како и дека ваквите проекти претставуваат јасен показател за стратешкиот пристап на Општината кон рамномерен развој и подобрување на условите за живот во сите населени места.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4