Connect with us

Економија

Николоски: Во време на авиокриза отвораме нови линии и снабдуваме со керозин аеродроми во регионот

“Ние сме единствена држава која што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвараат 5 нови линии. Австрија Ерлајнс почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг летовите од Виена. Визер почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А од Скопје имаме две одлични летни дестинации кои што ќе продолжат и после летото, но така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови, дополнително на тоа целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром, што значи дека заради добрата организација во Скопје фунционираат и овие два аеродроми”, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “Риштази”.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1