Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.

Утре, претседателката Сиљановска-Давкова во Националниот центар за култура и образование во Братислава ќе ја посети групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, со дела на македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска. Куратор на изложбата е Кирил Пенушлиски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1