Политика
Седница на Централното собрание на Вреди, дикусија и за реконструкција на Владата
Централното собрание на ВЛЕН денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата. На седницата се разговараше за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација.
Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на Владата. Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните.
Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на ВЛЕН. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста.
Значаен дел од седницата беше посветен и на консолидацијата на ограноците и зајакнувањето на партиската структура во сите средини. ВЛЕН оценува дека силната организација на терен е предуслов за поквалитетно претставување на граѓаните, како и за побрзо препознавање и адресирање на нивните потреби.
ВЛЕН и понатаму ќе работи со целосна политичка и институционална одговорност, посветена на реализација на приоритетите и очекувањата што произлегуваат од довербата добиена од граѓаните.
јуни 1, 2026
