Политика
Манасиевски: Без гаранции нема уставни измени, последните измени беа на Филипче и Заев кои завршија со промена на уставното име и вето од Бугарија, Холандија и Франција
Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост.
Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ.
Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, за кои уверуваа дека следуваат бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме слика од владин авион.
Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија.
Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДС.
Уставни измени без гаранции нема да има.
мај 30, 2026
