Вести
Тошковски за барањата за оставка: МВР во изминатите две години по сите параметри и статистики има најдобри резултати
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период.
-МВР во изминатите две години, истакна тој, по сите параметри и статистики има најдобри резултати.- Она што вие го правите е искучиво во рамки на вашиот личен интерес и да ги задржите овие неколку столчиња кои што ги чувате со предходните парламентарни избори. Јас ве уверувам пред целокупната македонска јавност на наредните парламентарни избори, вака ако продолжите, ќе имате само некое столче минус. А времето ќе каже дали сум бил во право или не сум бил во право, рече Тошковски.
Пратеникот Миле Талевски од СДСМ обвини дека МВР е нефункционално, побара одговори како пет тони дрога поминаа низ нашата граница, за убиства, криминал, за наводната шпионажа во кабинетот на претседателката на државата, а праша и дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој не доаѓа на работа, има обезбедување.
– МВР дава подобри резултати откога вашиот сопартијец го раководеше. МВР дава подобри резултати компарирано со последните 20 години. И тоа се бројки. Тоа е факт. Откривачката дејност во МВР е на ниво од 67,2 проценти која што е најдобра откривачка дејност во последните 20 години. Вие треба да се гордеете со тоа, што сме дошли на такво ниво. Вие треба да се гордеете со тоа, а не да измислувате приказни цела време дека било така или така. Тоа се факти, тоа се бројки. Вкупниот криминалитет, господине Талевски е најмал во последните 20 години, и тоа се бројки, тоа се статистики кои што се добиени од страна на луѓето кои што работат во МВР и тоа е факт, тоа се бројки. И сега вие велите, најнебезбедно од една страна, а од друга страна, согласно, бројкиве коишто ги имаме од страна на службите кои што работат во Министерството, велат имаме најмал вкупен криминалитет во последните 20 години. И тоа е факт којшто вие не можете туку така лесно да го изманипулирате, рече Тошковски.
Од аспект на семејното насислтво, посочи дека за околу 60 отсто е зголемен вкупниот криминалитет, а тоа е така бидејќи овој пратенички состав изврши измена на одредбите од КЗ и предвиде по службена должност да се водат одредени постапки што во минатото биле заташкувани.
– Сега, постапуваме многу поажурно и многу подобро. И жртвите се охрабруваат да пријават семејно насилство. И ги охрабрувам и во иднина. Секој еден кој е жртва на семејно насилство да го пријави. И да, овие бројки ќе се зголемуваат. Зошто, заради тоа што сега имаме институционален одговор кој што е побрз. Имаме итни мерки по кои што постапуваат судовите, имаме отстранување од домот на насилниците и имаме институционално делување кое што е подобро од претходно. Тоа е факт. Дали вам ви се допаѓа или не, тоа е ваша работа. Дали е така, така е. Дали е доволно, не е. Не е, рече министерот.
мај 28, 2026
