Општини
Отворен „Саемот на книга-Струмица 2026“
На Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица денеска беше отворена манифестацијата „Саемот на книга – Струмица 2026“.
Саемот го отвори градоначалникот Петар Јанков, кој истакна дека во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува најсигурното засолниште на мудроста, знаењето и човечноста.
– Таа не учи да сонуваме, размислуваме, да создаваме и да бидеме подобри луѓе. Токму затоа како локална самоуправа со големо задоволство поддржуваме настани кои ја негуваат културата, образованието и духовниот развој на нашите граѓани. Струмица од секогаш била град на културата, уметноста и творештвото, а овој Саем е уште една потврда дека нашиот град знае да живее со книгата и преку книгата, рече Јанков.
Саемот ќе трае до задутре, а на програмата се планирани промоции и изложби на книги од повеќе издавачки куќи со цел дополнително да се поттикне љубовта кон читањето и културата на пишаниот збор.
мај 27, 2026

