Connect with us

Регион

Ламалари: Минатата година запленет е имот во вредност од 61 милион евра, стекнати од криминални активности, истите насочени во интерес на заедницата

Министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, изјави дека Албанија влезе во нова фаза од борбата против организираниот криминал и корупцијата, каде што главниот фокус е удар врз криминалната економија и враќање на конфискуваниот имот во корист на граѓаните.

Во својот говор на конференцијата „Од конфискација до јавно добро“, организирана од Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот (AAPSK), Ламалари нагласи дека борбата против криминалот не е доволна само со апсења и пресуди, туку бара и отстранување на финансиската моќ на криминалните организации.

-Силна држава не е само онаа што апси криминалци. Силна држава е онаа што го лишува криминалот од неговото богатство, моќ и влијание во општеството и им го враќа на своите граѓани она што им е неправедно одземено, изјави  Ламалари, објави АТА.

Додаде дека само во текот на 2025 година, запленет е имот во вредност од над 61 милион евра, нагласувајќи дека имотот стекнат од криминал не смее да се заборави или деградира, туку  мора да се врати во јавна корист, во инвестиции за граѓаните и во служба на заедницата.

Тој посочи конкретни случаи каде што конфискувани средства  биле користени за поддршка на правосудни институции, социјални проекти, училишта, болници и центри за заедницата.

-Ова е најсилната порака што може да ја даде една демократска држава: богатството создадено од криминалот се претвора во вредност за граѓаните. Овие резултати се доказ за силата на институциите и соработката меѓу државната полиција, СПАК, структурите за финансиска истрага и Агенцијата за управување со запленети и конфискувани средства, посочи тој.

Фокусирајќи се на новите предизвици на финансискиот криминал, Ламалари нагласи дека “крипто-средствата, прекуграничните трансфери и современите форми на перење пари бараат нови одговори и силна меѓународна соработка”.

-Денеска зборуваме за правда, за државата и за јавната доверба. Организираниот криминал не само што гради криминални мрежи, туку создава и економска моќ, корумпира и ја поткопува довербата на граѓаните во државата, рече министерот, објави АТА.

Тој го пофали партнерството со Европската Унија, Европол, Евроџаст и земјите партнери, нагласувајќи дека Албанија останува посветена на зајакнување на владеењето на правото и европските стандарди во борбата против организираниот криминал.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1