Connect with us

Кошарка

Приведени 110 и уапсени 12 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина

Кусо пред почетокот на финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид, грчката полиција при контролите за влез во салата, досега уапси 12 лица и приведе 110 навивачи на атинскиот тим, кои се обиделе да влезат во салата без билет, јави дописничката на МИА од Атина.

Од уапсените, девет лица се поради поседување дрога, еден бил со димна бомба, еден пружал отпор кон полицијата, а едно лице се обидело да влезе со фалсификувана акредитација.

Паралелно, според информациите од полицијата кусо пред почетокот на натпреварот, приведени се и 110 навивачи на Олимпијакос, бидејќи се обиделе да влезат на стадионот без билети.

Од полицијата нагласија дека контролите ќе продолжат со несмален интензитет во текот на целото финале и потсетија дека нема да се толерираат какви било обиди за прекршување на безбедносните правила.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1