Култура
Изработувач на кавалот што пред два дена му беше врачен на Папата Лав XIV во Ватикан е добитник на „Гајдата на Пеце“ во Долнени во 2022
Рачно изработен кавал е еден од подароците што му беше врачен на Папата Лав XIV од македонската државно – цркона делегација која на 22 мај го посети Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“.
Изработувач на кавалот е Бобан Анакиев, дваесет и петгодишно момче од Кочани, кое во 2022 година ја доби главната награда во Долнени – „Гајдата на Пеце“, на Фестивалот посветен на Пеце Атанасовски.
-Со мене стапија во контакт претставници од Владата и ме запрашаа дали би изработил кавал, кој како личен подарок ќе му биде врачен на Папата. Така се почна, га изработив кавалот…ни рече Анакиев.
Тој со фолклорот и народните инструменти другарува од својата тринаесетта година. Започнал во Фолклорниот ансамбл „Мугри“ на ЦК „Бели мугри“, каде раководител е Драги Атанасов.
Сега веќе е дел од ФА „Осоговски извор“ од кочанската населба Оризари. Свири на гајде, ќемане и кавал.
Овие три инструмети ги изработува веќе шест години. Работи и на други инструменти. Си има своја работилница во неговиот дом, со се што му е потребно.
На кавалот што веќе е во Ватикан кај Папата Лав XIV работел десетина дема. Останува посветен на фолклорот и народните инструменти од македонската вековна култура и традиција, како свирач и нивен изработувач
мај 25, 2026
