Сервисни информации
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје в понеделник нема да работат
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
-Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие.
Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.
-Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk, прецизираат од П Водовод и канализација – Скопје.
мај 22, 2026
