Connect with us

Хроника

Татко го пријавил синот во полиција дека извршил убиство: 18 годишно момче убиено во Сарај

Ноќеска во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ, соопшти полицијата.

Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.

По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1