Connect with us

Регион

Шампионскиот трофеј на НБА во центарот на Атина

НБА пехар не гледаш секој ден во Атина, вели млад Грк додека го фотографира шампионскиот трофеј на НБА „Лари О’Брајан“, што денеска беше поставен во центарот на грчката метропола на плоштадот пред општинската зграда, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот „Коѕија“, Грците, но и туристите имаа можност да го погледнат трофејот и да се фотографираат со него.

Утре ќе биде поставен на плоштадот Синтагма, за повторно во петок и за време на викендот да се врати пред зградата на општината, а во пресрет на вториот кошаркарски турнир 3×3, под името „3on3 Road to Glory“ што ќе се одржи во текот на викендот.

Според најавите се очекува присуство на легенди на грчката и светската кошарка.

– Трофејот што го гледате не е на Евролигата, но и тој набргу ќе биде тука, ќе следат и изненадувања. Ова е НБА трофејот, рече атинскиот градоначалник Харис Дукас, во видеото објавено на социјалните мрежи.

Дукас се осврна на Евролигата со оглед на тоа што Атина од 22 до 24 мај ќе биде домаќин на финалните натпревари, односно на Фајналфорот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1