Хроника
Кривична пријава за нотар во Дебар за несовесно работење

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Б.(63) и Л.К.(45), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“.
-Првопријавениот М.Н. во својство на нотар за подрачјето на Основен суд Дебар, со искористување на службената положба и овластување во неговата канцеларија изготвил договор за купопродажба на моторно возило без присуство на оштетеното лице со што на второпријавеното лице (Л.К.) му овозможил да ги обработи и да ги користи личните податоци на оштетениот, односно неговото име и презиме и да направи договор за купопродажба на моторно возило, имформираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Договоро бил склучен на 23 јануари годинава помеѓу оштетениот како продавач и друго лице од Дебар и во рубриката „продавач“ со латинско писмо се потпишал во негово име.
Откако второпријавениот го потпишал договорот за продажба, првопријавениот во отсуство на вистинскиот сопственикот на возилото го заверил со свој потпис и печат документот за купопродажба.
септември 6, 2025