Хроника
СВР Битола расчисти настан со насилно одземање маица на лице во Битола, пријава против пет лица

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска во Битола на 28 август, следува пријава против пет лица, соопштија од секторот за односи со јавност.
По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.
На 28 август во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава за „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, соопштија од СВР Битола.
септември 6, 2025