Connect with us

Хроника

МВР: За семејно насилство лишени од слобода седуммина за 24 часа

Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга.

Полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода И.Б., на возраст од 40 години, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка и покрај решението од скопскиот Основен граѓански суд за отстранување од домот и забрана за приближување.

Лишен од слобода бил и Б.А., 45-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека синоќа околу 22 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром, физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје. Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но, досега не го пријавувала.

Вчера во Скопје, од слобода бил лишен и Б.Џ., 34-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Според пријавеното, тој и во изминатиот период физички и психички ја малтретирал.

Полициски службеници од СВР – Скопје рано изутрина лишиле од слобода 16-годишник од главниот град на државава, постапувајќи по претходна пријава дека околу 1:30 часот денеска во семејниот дом на подрачјето на Центар, физички го нападнал неговиот 50-годишен татко.

Во текот на вчерашниот ден, извршен бил службен разговор со С.Д., 33-годишник од скопскиот регион, постапувајќи по претходна пријава дека на 8 мај околу 18 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатувал закани со остар предмет. Според пријавеното, таа во изминатите пет години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но, досега не пријавувала.

– Денеска 37-годишна жена од Скопје пријави дека вчера околу еден часот во сместувачки објект на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот партнер Г.К. од Турција. Полициски службеници од СВР – Штип пак, го лишија од слобода А.В., 44-годишник со престој во Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека вчера во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу нив, пријавениот го турнал нивниот малолетен син – се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање, како што се истакнува, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1