Connect with us

Хроника

Велешката полиција приведе малолетник кој претходно на мотицикл без дозвола направил сообраќајка

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 13:10 часот лишиле 17- годишен малолетник од Велес. Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл  со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетникот без дозвола и  патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 23 – годишниот Т.Л. од Велес.

Како што информираат денеска од СВР Велес, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека малолетникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор во присуство на претставник од Центар за социјални работи Велес. Мотоциклот бил одземен и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3