Хроника
Исчезнат е 52 годишен кумановец

СВР Куманово сè уште трага по педесет и две годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат пред два дена во кумановската полиција. Лицето има здравствени проблеми, исчезнувањето во полицијата го пријавил неговиот татко.
– На 3 Септември во 11:30 часот во СВР Куманово, Т.П. (79) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), кој имал здравствени проблеми, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.
септември 6, 2025