Connect with us

Сцена

Џон Малкович стана хрватски државјанин

На американскиот актер со хрватско потекло Џон Малкович вчера му беше доделено хрватско државјанство, соопшти министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

– Денеска, на кратка, но важна церемонија, му го врачивме решението за хрватското државјанство на Џон Малкович. Светски познатиот актер, кој ја одбележа кинематографијата со бројни улоги, стана хрватски државјанин, напиша Божиновиќ на социјалната мрежа X, посакувајќи му добредојде.

Претходно, истиот ден, Малкович беше примен во Бански двор од страна на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој нагласи дека му е особено драго што актерот ги негува своите хрватски корени.

– Го примивме Џон Малкович во Бански двор и заедно со министерот за туризам Тончи Главина и директорот на хрватската туристичка заедница Кристијан Станичиќ и разменивме мислења за хрватската култура, туризмот, спортот и деловните можности, објави Пленковиќ на X. Долгата кариера на актерот и неговиот уметнички успех претставуваат голема инспирација за помладите генерации и ни е драго што со гордост ги негува своите хрватски корени, додаде тој.

Џон Малкович важи за еден од најценетите американски актери и во текот на својата кариера има остварено улоги во повеќе од 70 филмови. Меѓу позначајните се: „Полиња на смртта“, „Империја на сонцето“, „Опасни врски, „На линијата на огнот“ и „Да се биде Џон Малкович. Покрај филмската кариера, тој е високо ценет и за својата работа во театарот. Двапати е номиниран за наградата Оскар, а трипати за Златен глобус.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3