Connect with us

Сцена

„Ролинг стоунс“ потврдија дека новиот албум излегува на 10 јули

Британскиот бенд „Ролинг стоунс“ објавија нова песна, уште еднаш најавувајќи го својот нов албум. Песната е наречена „Во ѕвездите (In the Stars)“. А пак, aлбумот, насловен „Странски јазици (Foreign Tongues)“ излегува на 10 јули.

– Обожавам кога ги правам овие снимања во Лондон, во Метрополис. Тоа беа многу интензивни неколку недели снимање на албумот. Имавме 14 одлични песни и работевме најбрзо што можеме, рече фронтменот на рок-составот, Мик Џегер.

Според британските медиуми, новиот албум ќе содржи и снимка од покојниот Чарли Вотс, долгогодишниот тапанар на бендот.

Последниот албум на бендот беше „Хакни дајмондс (Hackney Diamonds)“ од 2023 година.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3