Свет
Тројца загинати во пад на мал авион врз зграда во Бразил
Мал авион со пет лица вчера се урна во зграда во југоисточниот бразилски град Бело Хоризонте при што загинаа три лица, соопштија локалните власти и пожарникарите.
Пилотот и копилотот на авионот загинаа во несреќата, објави противпожарната служба, додека тројца патници беа спасени во тешка состојба и однесени во болница.
Првично беше наведено дека во авионот имало четири лица. Противпожарната служба објави дека нема повредени меѓу жителите и нема структурни оштетувања на зградата.
Авионот полетал во раните попладневни часови од аеродромот Пампулја, на околу осум километри од центарот на Бело Хоризонте, и бил на пат кон Сао Паоло, наведе противпожарната служба.
Авионот останал во воздух само неколку минути пред да удри во трикатна станбена зграда.
мај 6, 2026

