Connect with us

Свет

Русија го ограничи мобилниот интернет пред парадата за Денот на победата поради безбедносни ризици

Русија го ограничи пристапот до мобилен интернет за голем број корисници во Москва во пресрет на традиционалната парада на 9 мај, со која се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Оваа година одбележувањето ќе биде поскромно поради заканите од напади со беспилотни летала од Украина, се наведува во медиумските извештаи. Руските власти воведоа ограничувања на интернетот, блокирајќи одредени мобилни услуги и принудувајќи милиони корисници да користат виртуелни приватни мрежи (ВПН). Според критичарите на претседателот Владимир Путин, овие мерки имаат за цел дополнително заострување на контролата во услови на војна која трае веќе четири години.

Кремљ, пак, соопшти дека ограничувањата се воведени за да се гарантира безбедноста поради зголемениот ризик од украински напади со дронови. 

Руските мобилни оператори предупредија дека во наредните денови се можни дополнителни проблеми со пристапот до интернет од безбедносни причини. Најголемата руска банка, „Сбербанк“, исто така најави можни прекини на мобилниот интернет и на услугите за пораки. Подружницата за такси услуги на интернет-компанијата „Јандекс“ соопшти дека се можни потешкотии при онлајн нарачките поради воведените ограничувања.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2