Connect with us

Забава

Белгискиот град Oденар бесплатно ќе дели семе од сончоглед за да го подобри имиџот на „Тоскана на северот“

Белгискиот град Oденар одлучи да им подели бесплатно семе од сончоглед на своите граѓани заедно со упатства за садење, во обид да се зголеми ширењето и присуствцото на ова растение и да се подобри имиџот на „Тоскана на северот“, објави Фламанската радио-телевизија.

Иницијативата ја покрена советникот Фредерик де Вос, кој на состанок на Градскиот совет предложи сончогледите да се садат почесто низ целиот град, истакнувајќи дека овие растенија, покрај тоа што потсетуваат на средоземноморскиот пејзаж, имаат и еколошки придобивки.

– Сончогледите помагаат во прочистувањето на почвата бидејќи можат да ги отстранат штетните супстанции, да ги привлечат инсектите важни за опрашување, растат брзо и цветаат долго време, рече Де Вос.

Предлогот доби поддршка од властите, па така, сега Oденар ќе им овозможи на граѓаните да ги добијат семките бесплатно по претходна регистрација преку е-пошта. Ќе бидат достапни и упатства за правилно сеење, одржување и отстранување на растенијата по цветањето. Локалните власти ги поканија жителите да предложат јавни површини каде што би можеле да се садат сончогледи, со цел и да се подобри изгледот на градот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3