Connect with us

Забава

Најголемо наоѓалиште на монети од викиншката ера откриено во Норвешка

Наоѓалиште со вредни сребрени монети од ерата на викинзите е откриено во источна Норвешка, и според досегашните анализи, се смета за најголем досега откриен локалитет во историјата на земјата, објавија археолозите.

Вкупно 3.150 сребрени монети се пронајдени на местото близу градот Рена во округот Остердален, коишто датираат од периодот меѓу 980. и 1050 година, или од викиншката ера. Повеќето од пронајдените метални парички доаѓаат од Германија и Англија, додека некои се изработени во Данска и Норвешка. Меѓу нив се монети ковани за време на владеењето на Кнут Велики, кралот на Данска, Англија и Норвешка (1016 – 1035), кралот Етелред од Англија (968–1016), Отон III од Германија (980 – 1002) и Харалд III Силниот (1015 – 1066), пишува „Шпигел“.

– Ова е сосема уникатно откритие, нешто што веројатно го доживувате само еднаш во кариерата, изјави археологот Мај-Туве Смисет.

Науката вели дека Норвешка не ковала свои монети околу 1000 година, па затоа странските парички претежно биле во оптек, што се променило само за време на владеењето на Харалд III, и се претпоставува дека богатството било закопано во негово време. Планирани се и натамошни археолошки истражувања за да се утврди дали има повеќе скриени монети на местото, како и проверка на показателите што би можеле да објаснат зошто богатството било закопано, додека локацијата е привремено затворена за јавноста поради заштита.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3