Сцена
Загина 24-годишен учесник на музичкиот натпревар „The Voice“
Дилан Картер, пејач и учесник во американското музичко шоу „The Voice“ (Гласот), кој со својата изведба на аудицијата речиси го расплака жирито,загина во тешка сообраќајна несреќа на само 24-годишна возраст.
Картер, на само 20 години се појави во 24-та сезона на музичкото шоу „The Voice“ (Гласот), стекнувајќи се со значајно внимание уште при првото појавување, кога по изведба на песната „Гледам во тебе“ („I Look to You“) од Витни Хјустон успеа да го натера четиричленото жири да ги сврти столчињата, што претставува едно од највисоките признанија дотогаш.
Несреќата се случила вечерта, на 25 април 2026 година, а според првичните информации од страна на полицијата, пејачот од Јужна Каролина изгубил контрола врз своето возило.
Преку Фејсбук објава, сочувство за Картер изрази Риба Мекинтајер – ментор во неколку сезони во американското шоу
– Многу ќе ни недостасува Дилан. Тој беше брилијантен, љубезен и исклучително талентиран млад човек кој внесе голема светлина во „The Voice“ (Гласот). Почивај во мир, драг пријателу, напиша Мекинтајер.
април 30, 2026

