Хроника
Пронајден кокаин на подрачје на СВР Струмица, приведени се двајца дилери и поднесена им е кривична пријава

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп коо се осомничени дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Ним им е одредена мерка притвор од 30 дена.
На 2 септември годинава на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., при што кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја.

Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама. Во врска со настанот, во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена.
септември 5, 2025