Connect with us

Хроника

Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие мна подрачјето кое покрива СВР Тетово се приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни.

Првото приведување е извршено вчера во 10 часот во Желино, каде бил приведен 25 годишниот Ш.С од Требош, баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

Вечерта во 20 часот во с.Расадиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.А.(35) од тоа место.

-Бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. Во 20:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик, информира МВР.

Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.