Connect with us

Регион

Средба Хоџа – Кос посветена на за напредокот на Албанија во евроинтеграцискиот процес

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа  на денешната средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел, нагласил дека „европската перспектива на Албанија е изградена  врз конкретни резултати” и оти „стандардите на ЕУ, се приоритет на Албанија“.

– Фокусот беше ставен на напредниот процес на преговорите за пристапување, со акцент на важноста од одржување на сегашниот моментум и продолжување со конзистентност по овој пат, објави Хоџа на социјалните мрежи.

Изборот на Албанија, според Хоџа, е јасен а тоа е нејзиниот пат кон ЕУ  изграден врз силни обврски, одржливи реформи и конкретни резултати.

– Разговаравме и за спроведувањето на Агендата за реформи во рамките на Планот за раст, кој, во случајот на Албанија, го надополнува процесот на членство во ЕУ и носи придобивки за граѓаните. Континуираното усогласување со стандардите на ЕУ, зајакнувањето на владеењето на правото и независното и професионално судство, како и одржливиот напредок во сите преговарачки поглавја остануваат наши секојдневни приоритети, посочи Хоџа.

Тој додаде дека за време на средбата била нагласена и важноста на јасна комуникација за придобивките и одговорностите од проширувањето, со цел зголемување на јавната поддршка и промовирање на транспарентноста.

Од своја страна, Кос го пофалила напредокот постигнат од Албанија и ја нагласила важноста од продолжување на реформите, потврдувајќи дека процесот на проширување останува процес базиран на заслуги.

Таа деновиве изјави дека Албанија има реална можност да стане дел од Европската Унија до 2030 година а може уште порано, доколку го одржи сегашното темпо на реформи. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1