Connect with us

Култура

Тамара Котевска со „Приказната за Силјан“ е културен амбасадор на Општина Чешиново -Облешево

Претставници на Општина Чешиново-Облешево денеска се сретнаа со Тамара Котевска, режисерка на филмот „Приказната за Силјан, за кој, голем дел од сцените се снимени токму на подрачјето на оваа општина, во која штркот како птица има посебно значење.

-Во духот на  досега успешна изградената соработка, Тамара Котевска ќе биде културен амбасадор на Општина Чешиново-Облешево, најави градоначалникот Јорданче Костадинов.

-Со „Приказната за Силјан“, таа ги претставува сите нашите природни убавини, традицијата и автентичноста насекаде во светот. Општина Чешиново Облешево како општина на штрковите од Македонија е особено горда што штркот е главен актер во овој документарен филм, изјави за МИА, Костадинов.

Документарецот на Котевска вечер во Центарот за култура „Бели мугри“ премиерно ќе биде прикажан пред публиката од Кочани и регионот. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4