Connect with us

Скопје

​Предвелигденска акција на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување на јавните површини

Во рамките на координирана акција на Општина Кисела Вода и екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, денес на терен се спроведуваат интензивни активности за уредување на јавните површини во урбаните заедници Драчево и Бирарија, како и во месните заедници Усје и Стаклара-Каменик. Во акцијата се ангажирани околу 40 сезонски работници кои со поддршка на целокупната расположлива механизација, вклучувајќи телескопски пили, тримери и трактори за косење, работат на расчистување на теренот.

Активностите опфаќаат целосно средување на парковите, детските и спортските игралишта, како и интервенција кај нараснатите зелени површини, со посебен фокус на просторот околу верските храмови. Целта е овие локации да бидат целосно подготвени и уредени за претстојниот празник Велигден, кога се очекува масовна посетеност од страна на граѓаните.

Општина Кисела Вода продолжува со овој плански пристап за одржување на јавниот простор и по завршувањето на празникот, кога теренските активности ќе продолжат да се реализираат и во сите останати урбани и месни заедници во општината.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2