Хроника
Приведени тројца скопјани барани со потерница
Тројца скопјани кои биле барани со потерница, се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници го лишија од слобода К.Ѓ., 68-годишник од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд – Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ. Полициски службеници го лишија од слобода И.Г., 62-годишен скопјанец, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд – Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 64 став 2 во врска со член 22 од КЗ. Полициски службеници го лишија од слобода Н.Ј., 44-годишник од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд – Скопје за затворска казна од три години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од КЗ. Лицата се спроведени во надлежните казнено поправни установи, информираа од МВР.
април 9, 2026

