Connect with us

Хроника

Дрога пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, приведен 25-годишен жител на селото

Дрога била пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, по што приведен бил 25-годишен жител на селото.

– Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР – Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд – Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1