Connect with us

Фудбал

Ноер за Мундијалот 2026: Сè е веќе кажано

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, одговори на прашање за неговото учество на Светското првенство 2026.

Ноер синоќа во победата од 2:1 над Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите имаше неколку извонредни интервенции.

-Сè е веќе кажано. Сега е важно како ќе помине остатокот од сезоната со Баерн, изјави голманот за „Скај.Де“.

Претходно, медиумите објавија дека германската репрезентација би можела да го врати 40-годишниот голман во тимот за Светското првенство во 2026 година, но на есен 2025 година, тој објави дека нема планови да се врати.

Ноер го имаше своето деби за репрезентацијата на Германија во 2009 година. Тој одигра 124 натпревари, прими 118 гола. Исто така, има 51 натпревар без примен гол.

На Светското првенство 2026, Германија ќе игра во Групата Е против Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3