Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Колку профитираа Заев и Филипче од урбанистичките зделки во Тетово, СДС да не молчи, а ЈО да го истражи случајот

СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово.

Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра?

Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.

Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици.

Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев  би му припаднале 4 милиони евра.

Го ставија ли Заев и Филипче приватниот интерес пред јавниот интерес поради свои лични цели и интереси од кои дебело профитираа?

Кој и колку профитираше од промените на ДУП во Тетово?

Јавноста треба знае и да добие јасна слика за начинот на кој Заев и СДС носеле одлуки што директно влијаат врз урбаниот развој и довербата во институциите.

Случајот со промената на деталниот урбанистички план во Тетово отвора сериозни прашања за тоа дали јавниот интерес бил ставен во втор план на сметка на приватни договори и бизнис интереси на Заев и Филипче.

Дали урбанистичките измени биле носени врз основа на стручни анализи и потребите на граѓаните, или пак биле резултат на договори кои носат енормна финансиска корист за Заев и Филипче?

Дополнително, се поставува прашањето за текот на средствата и нивната евентуална употреба дали тие пари завршиле во приватни инвестиции на Заев и Филипче надвор од државата или биле искористени за понатамошно ширење на влијание и бизнис мрежи?

Надлежните институции имаат обврска темелно да ги испитаат сите наводи и да утврдат дали постои основ за понатамошна постапка.

ЈО да ги испита сомнежите за можни судири на интереси и злоупотреба на функцијата.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и владеење на правото.

Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2